Mindfulness е многу ефикасна алатка која ќе ви помогне да напредувате во сите области од вашиот живот.
Таа може да ви помогне и да ви даде моќ да го живеете својот живот со полн потенцијал.
Кога ќе погледнете наназад во текот на последните неколку недели и месеци на кои моменти може да се сетите?
Замислете кога би можеле да научите да правите мала промена во вашето размислување што би можело да има големо влијание
врз вашиот живот за да ви овозможи да имате проникливост и да се фокусирате,
да изберете каде ќе го посветите вашето внимание и да сфатите дека имате можност да правите помудри избори во секој момент.
Mindfulness беше на дневен ред на светскиот економски самит во Давос во 2014 година.
Водечките организации низ целиот свет, како што се Apple и Google, ја прифатија Mindfulness практиката како
клучна компонента во нивните стратегии за развој и благосостојба на вработените.
Програмите базирани на Mindfulness се научно докажани програми, и овие истражувања покажуваат дека тие нудат моќни придобивки за здравјето и благосостојбата на човекот, вклучително и зголемена самодоверба, подобрена самосвест и спиритуална еволуција.